Top Sport

Италијанците пак не победија – само 1:1 со Украина (видео)

„Обновата“ на репрезентацијата на Италија под селекторот Роберто Манчини не оди најдобро, откако „аѕурите“ повторно не успеаја да победат, одигрувајќи само 1:1 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Украина.

Пријателскиот меч се одржа на „Мараси“ за да се соберат средства за жрвтите на колапсот на мостот Моранди во Џенова на 14 август, а беше прекинат во 43. минута да се оддаде почит на 43-те жртви.

Италија никогаш немаше загубено од Украина, победувајќи во шест од претходните седум меча во кои имаа скор од 14:2. Тимот на Манчини имаше силен старт, откако Бернардески и Киеза имаа добри шанси во првите 10 минути, пред Леонардо Бонучи да упати силен удар. Лоренцо Инсиње имаше уште една добра прилика од слободен удар, додека Украинците немаа многу шанси во првото полувреме.

Италија дојде во водство преку Бернардески со силен удар од далеку, кој Пјатов го прецени, меѓутоа Украинците веднаш вратија преку Руслан Малиновски.

Фото: ЕПА

Scroll to Top