Top Sport

Вилнев: Враќањето на Кубица е ужасно за Формула 1

Поранешниот шампион во Формула 1, Жак Вилнев, оценил дека враќањето на Роберт Кубица не е добро за овој спорт.

Полјакот Кубица, сезонава се врати во Формула 1, откако на рели во Италија, во 2011 година, се здоби со тешки повреди. Кубива има ограничени движења на десната рака.

Во првата трка оваа сезона, Големата награда на Австралија, Кубица го освои последното место.

„Доколку си го работел она што го сакаш и потоа тоа ти било одземено, ќе работиш уште повеќе за и се вратиш на работата. Истото би го направил и јас. Меѓутоа, за Формула 1, неговото враќање е ужасно. Формула 1 треба да биде врв во тркачкиот спорт, поради што не е добро некој со инвалидитет да учествува во трките“, рекол Вилнев и дополнил.

„Можеби треба да се натпреварува во некои други категории, но не и во Формула 1. Формула 1 мора да биде тешка и речиси недостижна. Враќањето на Роберт не е добра порака“, заклучил светскиот првак од 1997 година.

Scroll to Top