Top Sport

Нуркиќ ќе паузура една година

Кошаракрот на Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ, доживеа фрактура, односно прелом на двете коски на потколеницата, соопштија од НБА лигата.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, против Бруклин Нетс, одигра брилијантен меч, но во продолженијата имаше лош доскок, што предизвика пукање на коските во потколеницата.

Нуркиќ веднаш бил пренесен во локалната болница, откаде рекле дека има фрактура на двете коски (тибиа, фибула).

Поради повредата Босанецот долго ќе отсуствува од терените. Пол Џорџ и Гордон Хејворд од ваквата повреда се рехабилитираа цела година.

До повредата Нуркиќ имаше учинок од 32 поени, 16 скока, 5 асистенции, 2 украдени топки и 4 блокади. Оваа сезона е најдобра во неговата НБА кариера, во просек бележи 15,6 поени, 10,4 скока и 3,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top