Маверик Вињалес успеа да биде побрз од својот колега во Јамаха, и лидер во генерален пласман, Фабио Квартараро за да ја освои пол-позицијата на Холандското ТТ на „катедралата на брзината“ во Асен, поставувајќи нов рекорд на патеката.
Асот на Дукати, Пеко Бањаја ќе стартува заедно со Јамахите во првиот ред, додека втората тројка ја комплетираат Накагами, Зарко и Оливеира.
Шесткратниот шамппион Марк Маркез, кој вчера имаше спектакуларно испаѓање, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија и ќе стартува од 20. место. Неговиот стар ривал, Валентино Роси ќе стартува од 12. место.
Асен се враќа на Мото ГП календарот првпат од 2019 година, откако минатогодишната трка беше откажана поради КОВИД-19.
Maverick Viñales pips @FabioQ20 to pole position at Assen! ?@PeccoBagnaia will be ready to pounce from the outside of the front row! ?#DutchGP ?? pic.twitter.com/laYOeCjbIp
— MotoGP™? (@MotoGP) June 26, 2021
Fastest in FP1 ✅
Fastest in FP2 ✅
Fastest in FP3 ✅
Pole Position ✅A near-perfect weekend for Viñales so far!#DutchGP ?? pic.twitter.com/uGyGQ4l26U
— MotoGP™? (@MotoGP) June 26, 2021