Top Sport

Вињалес го победи Маркез за прва победа на Јамаха во 2019!

Асот на Јамаха, Маверик Вињалес ја прекина доминацијата на Марк Маркез, победувајќи на Холандското ТТ пред својот шпански ривал на Хонда за прва победа на Јамаха во новата Мото ГП сезона.

Последното место на подиумот отиде кај Фабио Квартараро, додека во топ 10 беа и Андреа Довициозо, Франко Морбидели, Данило Петручи, Кал Крачлоу, Жоан Мир, Џек Милер и Андреа Јаноне.

За победата, шеста во Мото ГП во кариерата на Вињалес, тој мораше да ја добие битката со Маркез, за на крајот да заврши со над 3 секунди пред него, додека „утехата“ на Маркез е што со второто место уште повеќе го зголеми огромното водство во генерален пласман. Квартараро пак, иако немаше шанси за триумф, покажа дека неговото време во Мото ГП е пред него по вториот подиум во низа во својата деби-сезона во елитата.

Валентино Роси имаше трка за заборав, откако на стартот на трката се судри со Јапонецот Така Накагами и излета од „катедралата на брзината“.

Scroll to Top