Маверик Вињалес во Јамаха успеа по тешките тренинг-сесии во Шпилберг, да стигне до фантастична пол-позиција пред Австриското ГП со само 0.068 секунди предност пред Џек Милер во Дукати.
Ова е прва пол-позиција за шпанскиот возач по Австралиското ГП минатата сезона. Лидерот во генерален пласман Фабио Квартараро заостана само 0.019 секунди во неверојатно тесната сесија, додека Андреа Довициозо, кој најави заминување од Дукати ќе биде прв во вториот ред пред Пол Еспархаро и Жоан Мир во Сузуки.
Колегата на Вињалес, ветеранот Валентино Роси беше последен во втората квалификациска сесија и ќе стартува на 12. место, додека сензационалниот победник од Чешкото ГП, Бред Бајндер во КТМ воопшто не влезе во втората квалификациска сесија и ќе стартува од 17. место.
What a sensational Qualifying session as @mvkoficial12 grabs pole with half a second covering all 12 riders! ?
What a race in store tomorrow! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/PYeRRKMpJy
— MotoGP™? (@MotoGP) August 15, 2020