Top Sport

Вињалес си заминува од Јамаха на крајот на сезоната

Јамаха потврдија дека шпанскиот ас Маверик Вињалес си заминува од фабричкиот тим на крајот на сезоната, една година пред крајот на неговиот договор. Се верува дека Шпанецот ќе биде нов возач на Априлија од 2022 по „распадот“ на односите во јапонскиот тим.

Вињалес пристигна во Јамаха во 2017 година да го замени Хорхе Лоренцо, кој тогаш замина во Дукати и победи во три од своите први пет трки на М1 мотоциклот, но оттогаш не успеа да се врати во форма, а ниту Јамаха не успеа да направи шампионски мотоцикл.

Откако победи на првата трка од сезоната во Катар во 2021, Вињалес не успеа да оствари подиум до минатата трка во Холандија, додека неговиот колега Фабио Квартараро победи четири пати и е лидер во генерален пласман.

Шефот на Јамаха, Лин Џарвис вели дека тимот ќе му даде целосна поддршка до крајот на сезоната.

„Со тага ќе се збогуваме со Маверик на крајот на сезоната. Ова е наша петта заедничка сезона и во овој период поминавме низ добри и низ лоши моменти. Најдобар интерес за двете страни е да се прекине соработката, а Јамаха ќе осигура да му даде целосна поддршка до крајот на сезоната“, вели Џарвис.

Scroll to Top