Top Sport

Во чест на Раиконен, Џовинаци со специјална кацига ќе вози во Абу Даби

Кими Раиконен во недела ќе ја вози својата последна трка во првенството на Формула 1. Светскиот шампион од 2007 година, како возач на Алфа Ромео ќе замине во заслужена пензија.

Во знак на почит кон колегата, Антониот Џовинаци ќе вози со специјална кацига.

„Благодарам Кими“, пишува на кацигата, која според дизајнот наликува на кацигата со која Кими го освои светскиот шампионат.

Трката во Абу Даби ќе биде последна и за Џовинаци во Формула 1. Италијанскиот возач од наредната сезона ќе вози во Формула Е.

Scroll to Top