Top Sport

Халанд имал четири опции, а може и ќе остане во Дортмунд

Ерлинг Халанд од наредната сезона би можел да биде играч на Баерм Реал, Барселона или Манчестер сити, вели неговиот менаџер Мино Рајола. Котроверзниот менаџер, не ја исклучува и можноста Норвежанецот, уште една година, да остане во Дортмунд.

„Можеби ќе замине во летниот преоден рок, а можеби и ќе остане. Сепак поголеми се шансите Ерлинг да го смени клубот. Ќе видиме“, рекол Рајола.

„Баерн, Реал, Барселона, Сити – тоа се големи клубови би можел да засили некој од нив. Сити освоија пет титули во Англија, во последните години, што е повеќе од она што го освои Јунајтед. Кога потпиша за Борусија сите знаевме дека ова ќе се случи. Ќе им кажеме на челниците на Борусија какви се нашите планови, тие ќе ги кажат своите. Одлуката нема да биде донесена во зимскиот преоден рок“.

Рајола не сака да открие дали во договорот на неговиот клиент постои клаузула за откуп. Медиумите редовно пишуваат дека доколку замине во летниот преоден рок, откупната цена изнесува 75.000.000 евра.

„Тоа останува меѓу нас. Само двете страни можат да ја кажат вистината, играчот и клубот. Ние знаеме што треба да се случи. Прецизен е нашиот договор со Борусија“.

Scroll to Top