Во тимот на Ферари очекуваат многу подобра трка во Бахреин овој викенд, откако направија „корекции“ на болидот по разочарувачката прва трка од сезоната во Австралија.
Откако беа доминантни на зимското тестирање, се сметаше дека Ферари се фаворити за победа во Мелбурн, но на првата трка дојде големото разочарување. Себастијан Фетел беше речиси седум десетинки зад Луис Хамилтон во квалификациите, и беше поминат од Макс Ферстапен во Ред бул Хонда и заврши далеку на четвртото место пред колегата Шарл Леклер, и двајцата имаа над минута заостанување зад победникот Валтери Ботас.
Шефот на тимот, Матија Биното вели дека очекува многу повеќе од СФ90 болидот, кој не го покажал „вистинскиот потенцијал“.
„Бахреин е само втора трка од долгата и тешка сезона. Патеката ’Сакир’ е многу поразлична од таа во Австралија и како тим сме сигурни дека ги разбравме и ги поправивме слабостите од Австралија и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на болидот. Во Бахреин очекуваме да го видиме ефектот од направените корекции“, вели Биното.
Фетел пак, претходно инсистираше дека проблемите во Мелбурн биле поради сет-апот на болидот, а не поради некој клучен проблем на болидот.