Шефот на Ферари, Матија Биното смета дека неговиот тим направил „значителен чекор напред“ во формата, откако Шарл Леклер ја заврши трката во Барселона на четвртото место, додека неговиот колега Карлос Саинс Јуниор беше седми.
Откако минатата година ја имаа најлошата сезона во последните 40 години, завршувајќи без победи и на шестото место во генерален пласман, Ферари може да се пофалат дека се третиот најбрз тим во Ф1 зад Мерцедес и Ред бул, иако се на четвртото место во генерален пласман со пет поени зад Мекларен. Леклер беше четврти на квалификациите трипати оваа сезона и заврши во топ 6 во секоја трка.
„Се враќаме дома со верба дека направивме значителен чекор напред во однос на тоа каде бевме во 2020 година“, вели Биното.
Леклер, кој се подготвува за својата домашна трка, Монако ГП на улиците на Монте Карло, исто така е оптимист.
„Мислам дека немаме голема слабост во болидот како минатата година, сега ни треба малку поголема брзина. Не мислам дека некој ни е смееше за минатата сезона, бидејќи се фокусиравме на работата. Лани беше тешко да се прифати формата, но затоа работевме напорно“, вели Леклер.