Top Sport

Во Хонда веруваат дека Ферстапен е „новиот Сена“

Макс Ферстапен ги потсетува сите во Хонда на младиот Аиртон Сена, вели директорот на Ф1 проектот на јапонската компанија, Масаши Јамамото.

Откако Ред бул се разделија со Рено за да возат со моторите на Хонда, Ферстапен првпат во кариерата влезе во топ 3 во генерален пласман со личен рекорд на победи, пол-позиции и поени во 2019 година.

Сена славно соработуваше со Хонда додека беше возач на моќниот болид на Мекларен на крајот на 1980-тите и 1990-тите и Јамамото вели дека постојат многу сличности меѓу легендарниот Бразилец и младиот Холанѓанец.

„Во Хонда гледаме на Ферстапен како на многу значаен фактор на нашиот проект. Тој е млад, но вози навистина импресивно. Како да гледаме млад Сена на почетоците на работата со Хонда. Кога во Австрија покажа на логото на Хонда на подиумот знаевме дека е задоволен со нас. Затоа треба да му дадеме уште подобар мотор“, вели Јамамото.

Scroll to Top