Top Sport

Циципас и Зверев со порази ја почнаа 2020

Александер Зверев и Стефанос Циципас со порази ја стартуваа новата тениска сезона, откако имаше големи изненадувања на првиот ден од АТП купот.

Светскиот рекет број 7, Германецот Зверев беше шокиран од Австралиецот Алекс де Минаур, кој се врати од сет негатива и 4:2 во вториот за 4:6/7:6(3)/6:2 победа. Гркот Циципас, кој е шесторангиран на АТП листата, загуби со 7:6(6)/7:6(4) од младиот Канаѓанец Денис Шаповалов. По овие порази, Германија и Грција ги загубија првите дуели на турнирот со 24 нации, кои се поделени во шест групи во Сиднеј, Бризбејн и Перт.

Покрај Австралија и Канада, до победи стигна и Белгија со 3:0 над Молдавија, додека Норвешка стигна до изненадувачка 2:1 победа над САД. Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе дебитираат во сабота на турнирот.

Scroll to Top