Top Sport

Во крвта им е – цело семејство Ферстапен на тркање

Зимата е време за пауза за Ф1 возачите, кога можат да се забавуваат со поинакви активности пред стартот на зимското тестирање, меѓутоа, очигледно не е толку лесно да се заборави за тркањето.

На ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен, очигледно не му е потребен одмор, откако заедно со своето семејство ја посети Шпанија и отиде, секако, на тркање.

22-годишниот Холанѓанец заедно со својот татко, поранешниот Ф1 возач Јос и неговата сестра Викторија, возеа неколку круга на патеката „Каталуња“ покрај Барселона. Дека тркањето им е во крвта, најдобро зборува тоа што и мајката на Ферстапен, Софи Кумпен, која во младоста возеше во картинг сериите и во Формула А шампионатот.

 

View this post on Instagram

 

A lot of fun together in Barcelona ??

A post shared by JosVerstappen (@josverstappen7) on

Scroll to Top