Top Sport

Во Мерцедес стравуваат од моќта на Ред бул: Нивниот болид е 10 милиметри понизок!

Новиот болид на Ред бул, РБ19, повторно дизајниран од Адријан Њуи е толку моќен што може да вози „десет милиметри пониско“ од другите и да биде речиси секунда побрз од болидот на Мерцедес В14, велат анонимни извори од „сребрената стрела“ за „Ауто мотор унд спорт“.

Откако лани имаа една од најдоминантните сезони во историјата на Формула 1, Ред бул повторно се главни фаворити за титулата, што го покажаа и на тридневниот тест во Бахреин, каде што не само што беа најбрзи, туку немаа ниту еден механички или технички проблем. Според угледниот германски „Ауто мотор унд спорт“, разликата им е јасна на ривалите.

„Тие се 10 милиметри пониски од сите други. Ако ние возиме толку ниско како нив, болидот ќе се распадне“, тврди анонимен извор од Мерцедес.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф исто така признава дека ривалите имаат предност.

„Тие ги користат сопирачките подоцна, забрзуваат многу порано и добиваат многу на време со подобра тракција. Ние не можеме да ги решиме кривините на таков начин“, призна Волф во Бахреин.

Scroll to Top