Top Sport

Касемиро за желбата за успех: Трчам по топката како по јадење

Касемиро вели дека останува гладен за многу повеќе успеси со Манчестер јунајтед по 2:0 победата над Њукасл јунајтед во финалето на Карабао купот за прв трофеј на „ѓаволите“ од 2017 година, опишувајќи дека трча по топката како да се работи за јадење.

Бразилецот експресно стана миленик на навивачите на Јунајтед, и вели дека е подготвен да го даде максимумот за уште трофеи. Многумина беа изненадедени што 31-годишниот Касемиро се одлучи да замине од Реал Мадрид со кои освои пет титули од Лигата на шампиони.

„Луѓето кои ме познаваат добро знаат дека кога одам по топката одам како да се работи за јадење. Тоа е мојот карактер, нема врска дали е финале или не. Одам на секоја топка како да ми е послендата. Прославував бидејќи уживам тука. Си заминав од голем клуб како Реал Мадрид и дојдов во Англија и луѓето се чудеа зошто. Токму порди вакви моменти. Знаеме дека ова е само почеток, но тоа не значи дека не можеме да прославиме. Не можеме да криеме дека има тимови кои се пред нас, како Манчестер сити или Арсенал. Но, можеме да продолжиме да растеме“, вели Касемиро.

Scroll to Top