Top Sport

Во Мерцедес веруваат дека уште имаат најмоќен мотор

Шефот на мотори на Мерцедес Ф1, Енди Кауел инсистира дека „Сребрената стрела“ уште го има најдобриот мотор во Формула 1, иако на почетокот на сезоната изгледаше дека Ферари се израмнети со нив.

Оваа изјава е мал парадокс, бидејќи досега изминатите сезони германската компанија очајно се обидуваше да го намали значењето на нивната предност во моќта на теренот стравувајќи од промени на правилата. Кауел смета дека Мерцедес уште се доминантната сила во трки каде што Ферари мора да користи „умерени“ модови на моторот.

„Во однос на моќта на моторот, мислам дека во моментов, на квалификациите, Ферари имаат мала предност и тоа е за честитки. Но, во трките, предноста е на наша страна. Нормално беше дека со стабилни регулативи ќе има израмнување на перформансите“, вели Кауел.

Сегашните правила за мотори се воведени во 2014 година и остануваат на сила до крајот на сезоната 2020, а дотогаш тимовите заедно со сопственикот на Ф1, „Либерти медија“ ќе мораат да ги договорат условите за „игра“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top