Top Sport

Игуаин: Кога се разболе мајка ми сакав да се повлечам

Аргентинскиот напаѓач на Јувентус, Гонзало Игуаин оваа сезона постигна 23 гола за својот тим, за петта сезона во низа да има над 20 голови, но во последното интервју признава дека за малку ќе се откажел од фудбалот.

„Размислував за повлекување од фудбалот и тоа неодамна, кога дознав дека мојата мајка е болна. Тоа беше страшен момент, но таа ме убеди да продолжам и тоа ми даде сила. Светот на фудбалот ги третира фудбалерите како потрошна роба. Кога ќе престанеш, веќе не вредиш ништо. За среќа, имам прекрасни луѓе до мене. Мојата девојка и мојата ќерка се моите прекрасни работи и најважни на светот. Кога ќе дознаеш дека си татко, сѐ друго е во втор план“, вели Игуаин во интервју за „ТНТ спорт“.

Игуаин, посебно во Аргентина, е мета на критики дека не ги искористува своите шанси на големите натпревари.

„Факт е дека најдобрите честопати ги критикуваат, така што останувам смирен. Луѓето те напаѓаат за утнат гол и ги забораваат 300-те што си ги постигнал претходно“, одговара популарниот Пипита.

Фото: ЕПА

Scroll to Top