Колегите од тимот на Ред бул рејсинг, Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен ќе останат слободни да се тркаат меѓу себе и покрај контроверзниот судир на Азербејџанското ГП, но двајцата признаваат дека тимот ќе се вклучи ако има нови инциденти.
Австралиецот Рикјардо вели дека имало многу разговори во фабриката по крајот на трката во Баку.
„Мислам дека ако повторно дојде до ситуација во која ќе се судираме со тркала и такви работи, тогаш ќе решат да отпуштат еден од нас. Нема гаранција дека тоа ќе се случи, но секако, и тоа е можност“, вели Рикјардо.
Австралиецот се удри во задниот дел на болидот на 20-годишниот Ферстапен во обид да го помине пред две недели, а стјуардите оценија дека нема виновник за судирот. Шефот на тимот, Кристијан Хорнер не сакаше да обвини ниту еден од двајцата и кажа дека двајцата се „под казна“.
Ферстапен, сепак, вели дека односите меѓу двајцата остануваат добри.
„Двајцата многу се почитуваме и сфаќаме дека тоа беше грешка. Нема лоши чувства, воопшто. Се надевам дека двајцата ќе оставиме уште по два-три милиметри следниот пат. Тимски наредби? Можеби, ако повторно има ситуација како во Баку ќе решат да направат такво нешто. Не знам“, вели Ферстапен, кој за разлика од Рикјардо има долгорочен договор со тимот.