Top Sport

За чесност – шпански судија во финалето на Грчкиот куп

Грчката фудбалска федерација се реши на неочекуван потег и го именуваше шпанскиот судија Давид Борбалан да го суди финалето на Купот во сабота меѓу шампионите АЕК Атина и ПАОК во обид да се зголеми кредибилитетот на натпреварувањето.

Лигашкиот меч меѓу двата тима во март беше прекинат по контроверзна судиска одлука, по што претседателот на ПАОК, Иван Савидис, излета на теренот со пиштол на појасот. По ова следуваше суспензија на лигата на две недели и предупредување од ФИФА за интернационална суспензија.

ПАОК и Савидис беа казнети по инцидентот, а тимот од Солун загуби и три поени, со што ги загуби шансите за титулата. Навивачите на двата тима исто така имаа жестоки судири пред минатогодишното финале, кое го освои ПАОК.

44-годишниот Борбалан во последните 14 сезони е судија во Ла лига, а исто така е интернационален судија од 2010 година.

Претседателот на ПАОК шета со пиштол по теренот (Видео)

Scroll to Top