Top Sport

Во Ред бул сигурни: Ферстапен е дефинитивно побрз од Хамилтон

Макс Ферстапен има далеку подобра контрола на болидот од Луис Хамилтон и е „дефинитивно“ побрз од својот ривал од Мерцедес, смета советникот на Ред бул, Хелмут Марко, кој додава дека сега тие треба да осигураат да му дадат болид со кој ќе стане шампион.

По само две трки од сезоната 2021, надежите се дека ќе имаме неизвесен шампионат, откако Хамилтон и Ферстапен имаат по една победа, иако Хамилтон е лидер во генерален пласман со дополнителниот поен за најбрз круг во Имола минатиот викенд.

„Мислам дека двајцата ќе ја одлучуваат титулата. Израмнети се и далеку пред другите. Ако продолжиме да му даваме болид кој ќе биде еднакво брз како Мерцедес, Макс може до титулата. Кога се зборува за контрола на болидот и брзина, Макс е дефинитивно понапред. Но, Луис има повеќе искуство и тоа носи баланс. Макс учи нешто ново во секоја трка и не заборавајте колку е млад“, вели Марко.

Scroll to Top