Top Sport

Волф: Ферари се многу иновативни

Шефот на Мерцедес, Тото Волф ги пофали ривалите од Ферари, признавајќи дека тие во моментов имаат преднсот пред неговиот тим благодарение на „иновациите“ кои помогнаа Себастијан Фетел да стигне до победа на Белгиското ГП.

Според Австриецот, италијанскиот тим успеал да извлече коњски сили од нивниот мотор и додава дека Мерцедес првпат по подолго време бркаат некого. Со овој убав гест, Волф како да сакаше да ги намали контроверзите откако неговиот возач, Луис Хамилтон изјави дека Ферари имаат „трикови“ со кои стигнале до победата во Спа.

„Мислам дека тие се многу иновативни. Имаат работи кои долго време ги развиваа и продолжија со развојот и со добивањето перформанси во секоја од последните четири-пет трки. Се надевам дека и ние имаме иновации на нашиот болид, наместо трикови. Мора да се продолжи развојот за да можеме да им конкурираме. Во Белгија направивме чекор напред, но мораме да работиме на шасијата“, вели Волф.

Scroll to Top