Top Sport

Девојката на Роналдо хит на Филмскиот фестивал во Венеција (галерија)

Не е само Кристијано Роналдо тој што ја освојува Италија. Неговата девојка Георгина Родригез ги воодушеви сите на Филмскиот фестивал во Венеција со своето ненајавено гостување.

Родригез, која е поранешна продавачка, во ноември се породи со четвртото дете на Роналдо, но тоа не и пречеше да ја покаже фигурата излегувајќи од традиционалното такси на гондола во Венеција.

24-годишната Родригез пристигна на Фестивалот сама, додека Роналдо тренираше со неговите соиграчи во Јувентус пред мечот со Парма овој викенд, каде што ќе се обиде да го постигне првиот гол за „бјанконерите“.

Scroll to Top