Top Sport

Волф: Го разбудија лавот

Луис Хамилтон, со победите на последните две трки, во Бразил и Катар, ја намали разликата во однос на Макс Ферстапен на осум бода. До крајот на сезоната овие двајца ќе водат голема борба за титулата.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека трката во Катар е најдобра за Хамилтон оваа сезона, бидејќи го „разбудиле лавот во него“.

„Луис е целосно фокусиран. Онаа недела во Бразил го разбудија лавот. Тоа е очигледно. Ова е неговото најдобро издание во сезоната. Кога ќе се случат работи какви што се случија, Хамилтон ги покажува своите супер моќи“, рекол Волф, алудирајќи на казната што ја доби во Бразил и инцидентот што се случи во 48.круг, кога Британецот се обиде да помине покрај Ферстапен.

Двајцата завршија надвор од патеката, а дирекцијата на трката реши да не покренува истрага.

Првенството на Формула 1 ќе продолжи на 5.декември со трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Scroll to Top