Top Sport

Волф: Како да се тркаме со Ф2 болиди против Ред бул

Ред бул рејсинг ја прославија 12-тата победа едноподруго и 11-та во 11 трки оваа сезон во демонстрација на доминација во Формула 1 каква што не е видена, и шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф вели дека тие се обидуваат да се тркаат со нив како со Ф2 болиди.

Ферстапен стигна до седмата победа едноподруго оваа сезона, Ред бул забележа 21-ва победа во 22 трки, од кои 18 дојдоа од Холанѓанецот. Тој има освоено 281 поени оваа сезона, додека второпласираните на табелата, Мерцедес имат вкупно 223 поени.

„Денеска ја видовте брзината на Макс која ја забележивме веќе во петокот. Таму се тие. Како да се тркаме со Формула 2 болиди против Формула 1 болид“, признава со резигнација, Волф.

Scroll to Top