Top Sport

Волф: Леклер го истурка Хамилтон од патеката и помина неказнет (видео)

На шефот на Мерцедес, Тото Волф, секако, не му беше најмило што Шарл Леклер победи на Италијанското ГП во Монца, посочувајќи дека возачот од Монако помина неказнет за инцидентот кој го натера Луис Хамилтон да излезе надвор од патеката.

Светскиот шампион беше тркало-до-тркало со Леклер, кој водеше од стартот до финишот, и беше приморан да го избегне Ферарито за да не излета. Тој преку радиото кажа дека е „истуркан“ од Леклер, а по трката не беше задоволен од потегот.

Волф исто така не беше пресреќен, откако прво го пофали 21-годишниот Леклер.

„Тој извозе брилијантна трка и Ферари го имаа најсилниот болид. Ние се обидовме да го поминеме со двајцата возачи и тоа не беше доволно. Мислам дека малку преоѓа преку границата. Но, дали сакате да го казните во Монца? Мислам дека ќе имаше нереди тука. Тоа ни е уште еден проблем. Сакаме да видиме цврсто тркање, но до каде ќе попуштаме. Можеше да добие казна за тоа“, вели Волф.

Scroll to Top