Top Sport

Јунајтед сакаат уште еден млад Британец – Мекгин од Астон вила (видео)

Според британскиот „Сан“, Манчестер јунајтед продолжуваат со обидот да донесат уште еден млад британски фудбалер, давајќи луди 50 милиони фунти за 24-годишниот играч од средниот ред на Астон вила, Џон Мекгин.

Според весникот, Оле Гунар Солскјер по носењето на Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака, сака уште еден фудбалер кој се вклопува во неговата визија за млади фудбалери кои би „пораснале“ на „Олд Трафорд“.

Мекгин дојде од шкотски Хибернијан минатата сезона за помалку од 3 милиони фунти, и секако претставува голем ризик за Манчестер јунајтед, од кои многумина очекуваа да тргнат по позвучни имиња како Герет Бејл.

Scroll to Top