Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека сезоната 2018 може да биде запаметена како една од најдобрите во историјата, и додава дека не се плаши од моќниот болид на Ферари, бидејќи „најбрзиот болид не освојува титули секогаш“.
Ф1 се враќа во акција овој викенд на легендарната патека Спа во Белгија, а Мерцедес ќе го бранат водството во двата шампионати и Волф очекува да има неизвесност. Тој посочува дека трките во Германија и Унгарија, каде што победи Луис Хамилтон покажуваат дека најбрзиот болид нема гарантирано победа.
„Спа секогаш е тешко да се прогнозира, а оваа сезона не научи дека нема јасни фаворити на одредени патеки и дека најбрзиот болид не гарантира победа. Јасно е дека Ферари туркаат посебно оваа година и дека не чека голема битка и затоа мораме да ја држиме главата долу и да работиме на подобрување на болидот. Мислам дека за оваа сезона ќе зборуваме уште многу“, вели Волф.