Top Sport

Дали Гери Невил ќе се охрабри и ќе носи дрес од Шаќири? (видео)

Џердан Шаќири му подари на Гери Невил дрес од Ливерпул со негов автограм, откако поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед загуби облог со Џејми Карагер.

Невил и Карагер, кој целата кариера ја помина во Ливерпул, шутираа пенали и „казната“ беше Невил да го носи стариот дрес со број 23 на Карагер на ТВ. Тогаш Карагер се поправи и додаде: „Ќе му дадеме дрес на Шаќири со 23, бидејќи го мрази“.

Откако се најде „вмешан“ во ситуацијата, Шаќири достави дрес до Невил со порака на грбот: „До Гери, мојот прв навивач. Не се откажувај од облогот“. Останува да се види дали Невил ќе го испочутва облогот и ќе го носи омразениот дрес на вечерната емисија на „Скај“.

Scroll to Top