Top Sport

Волф: Стравувам дека инцидент може да ја реши шампионската трка

Тото Волф, шефот на Мерцедес, по трката за Големата награда на Саудиска Арабија, рекол дека е загрижен за она што може да се случи наредната недела во Абу Даби, кога ќе се решава шампионската титула.

Првата трка која се возеше на патеката во Џеда, донесе многу инцидентни ситуации, казни, црвени и жолти знамиња и дискиутабилни одлуки на стјуардите.

Ферстапен доби казна од 10 секунди, која на крајот не влијаеше во конечниот пласман. Хамилтон победи пред Холанѓанецот и клупскиот колега Ботас.

„Се надевам дека на оваа трка видовме со какви последици можеме да се соочиме. Се надевам дека сите ќе се прилагодат во Абу Даби, за таа трка да мине без инциденти. Мислам дека возење какво што имаше во Џеда ќе се казнува и во Абу Даби. Се плашам дека се може да биде решено во една хаотична ситуација. Мислам дека никој не сака титулата да биде решена со судир“, рекол Волф.

„Во случај да се случи нешто такво верувам дека системот ќе донесе правилна одлука. Во Бразил реков дека поставуваме опасни правила доколку не реагираме на опасно возење. Видивме инциденти и во Интерлагос, но тие се случуваа при помали брзини“, заклучил шефот на Мерцедес.

Последната трка во сезоната ќе се вози во недела, во Абу Даби.

Scroll to Top