Top Sport

Волф: Тие што го критикуваа Хамилтон нека ја затворат устата

Победата на Луис Хамилтон на трката во Сингапур треба да ги „замолчи“ сите критичари на светскиот шампион кои тврдеа дека неговиот животен стил му пречи во фокусот кон тркањето, вели шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Помеѓу Италијанското ГП и Сингапур ГП, Хамилтон помина речиси цела планета, учествувајќи на сопствената модна ревија и дружејќи се со личности од светскиот џет-сет. По Монца, тој прво замина дома во Монако, пред во Шангај да ја промовира колекцијата со Томи Хилфигер, пред да се врати во Европа и во Италија да присуствува на свадба на свој пријател, пред во Њујорк да има уште една посета на модна недела. По ова следуваше патувањето до Сингапур.

„Последните шест години само слушам: ’Како може Луис да шета околу светот кога има трки пред него?’. Знаете што? Тој го направи тоа до екстрем последните 10 дена, и беше во Шангај и во Њујорк, а потоа тука ги растури сите. Затоа да не го осудуваме неговиот живот. Тој си знае најдобро“, вели Волф.

Хамилтон му ветил на Волф дека Формула 1 го има главниот примат во неговиот живот, но и му заблагодари што му дозволува да прави „важни и неверојатни“ проекти.

„Мислам дека пристапот кон животот и балансот се многу добри за мене. Знам дека некои се сомневаа со мојот план, но перформансите се тука. Јас му кажав на Тото да не помислува ниту една секунда дека титулата не ми е важна и приоритет. Тоа можете и самите да го забележите“, објаснува Хамилтон.

Scroll to Top