Top Sport

Газидис заминува од Арсенал за нов предизвик во Милан

Арсенал потврдија дека нивниот генерален директор, Иван Газидис заминува од позицијата, по што Раул Санлехи и Винаи Венкатешам ќе ја преземат улогата на шеф на фудбал, односно главен менаџер на клубот.

54-годишниот Јужноафриканец Газидис беше шеф на Арсенал од 2008 година, и беше човекот кој го смени Арсен Венгер со Унаи Емери ова лето, и сега од 31 октомври ќе биде нов генерален директор на италијанскиот гигант Милан, кој го потврди ова.

Арсенал го потврди заминувањето на Газидис преку Џош Кренке, заменик претседател на клубот и синот на главниот акционер во клубот, Стен Кренке.

„Беше вистинско задоволство да се работи со Иван и ќе ни недостасува неговата мудрост, познавање и енергија која ја носеше во клубот последната сезона“, вели Кренке јуниор.

Scroll to Top