Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, уште еднаш повторил дека во неговата екипа нема повластени и дека Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе имаат иста стартна позиција.
„Никогаш кај нас немало возач број 1 и возач број 2. Така беше и кога за нас возеше Ботас. Имаше ист болид и иста шанса каква што имаше Хамилтон. Џорџ е нов во тимот, ќе биде интересно да се види како ќе се снајде“, рекол Волф на промоцијата на новиот болид.
Утре тимовите ќе ги имаат првите тестирања во пресрет на новата сезона која ќе започна на 20.март во Бахреин.