Бесниот шеф на Мерцедес, Тото Волф го опиша болидот на неговиот тим како „грдо парче машина“ исфрустриран од недостатокот на прогрес во развојот во последната година.
Седумкратниот шампион, Луис Хамилтон беше само 13. на квалификациите за Мајами ГП трката, додека Џорџ Расел имаше среќа што беше на шестото место, откако „сребрената стрела“ немаше доволно брзина да се носи со доминатниот Ред бул рејсинг, но и со Ферари и Астон Мартин.
„Нема задоволство од шесто место. Не сфаќаме што е работата, што го прави овој болид грдо парчее машина. Болидот не е убав болид, не е е добар болид. Полошо од тоа што мислевме, имавме 12 месеци од последната трка во Мајами и болидот е само маргинално подобар. За разлика од лани немаме потскокнување и тоа е единствената работа која е подобра од лани. Немаме брзина и не сфаќаме зошто. Ова не е прифатливо“, вели Волф.