Top Sport

За Хамилтон брзината на Ферари е „многу чудна“

Светскиот шампион Луис Хамилтон смета дека е „многу чудно“ што Ферари доминираа на квалификациите на Кинеското ГП, каде што имаше целосно различни услови од претходната трка во Бахреин.

Ферари ги победи Мерцедес во директна битка во Бахреин минатата недела, но се очекуваше „Сребрената стрела“ да се врати силно во Кина, каде што доминираше последните пет години, а Хамилтон добро почна со најбрзо време на петочните тренинзи. Но, на крајот Мерцедес беше на половина секунда од Ферари и Хамилтон ќе стартува како четврти зад колегата Валтери Ботас.

„Во моментов не размислувам за Ферари, туку се обидувам да дознаам зошто не сме брзи. Но, поради некоја причина нивниот болид работи брзо насекаде. Тоа е многу чудно. Одите во Бахреин каде што е многу жешко и очекувата Ферари да се брзи, но во трката не бевме толку лоши. Сега тука, каде што условите би требало да ни одговараат, но тие повторно се брзи. Колку време ќе остане вака не знам“, вели Хамилтон.

Изненаден е и Макс Ферстапен во Ред бул, кој ќе стартува како петти со 0.701 секунди зад времето на Фетел.

„Ферари беа едноставно пребрзи за сите. Некако најдоа некое копче за турбо на рамниот дел бидејќи се брзи и таму и на кривините“, вели Ферстапен.

Фетел има предност од 17 поени на врвот во  генерален пласман пред Хамилтон откако победи во Австралија и Бахреин. Сите возачи во историјата кои победиле на првите три трки од сезоната на крајот ја освоиле титулата, а последен кој го направи тоа беше Михаел Шумахер во 2004 година.

Фетел и Раиконен најдобри во квалификациите, Хамилтон четврти

Scroll to Top