ТВ-презентерката и „најбрза жена на четири тркала во светот“, Американката Џеси Комбс (36) загина во несреќа во пустината Алворд во американската држава Орегон, додека се обидувала да го собори сопствениот рекорд.
Џеси Комбс стана најбрзата жена на четири тркала на светот во октомври 2013 година, достигнувајќи брзина од 631 километар на час возејќи автомобил на млазен погон North American Eagle (NAE) Supersonic Speed Challenger.
Eagle е возило кое е составено од остатоци од млазен авион F -104 Lokid Startfighter, пренесува Index.hr.
Деталите за несреќата не се познати, но според американските медиуми, 36-годишната Американка загинала обидувајќи се да го собори досегашниот рекорд.