Top Sport

Клоп: Би сакал повторно да играме во финалето, но…

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп рекол дека на неговиот тим ќе му биде тешко да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и дека сезонава во елитното натпреварување не очекува доминација на англиските екипи.

Ждрепката за фазата по групи во Лигата на шампионите ќе биде извршена денес од 18 часот во Монте Карло. Ливерпул како европски првак противниците ги чека од првиот шешир.

„Во овој момент не сум сигурен дека повторно ќе играме во финалето“, рекол Германецот.

„Имаме шанси како и сите останати екипи, тоа е тоа. Не мислам дека англиските тимови ќе доминираат. Верувам дека има многу клубови што можат да остварат добар резултат“.

Покрај Ливерул носители на групите ќе бидат Челси, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, ПСЖ и Зенит.

Во вториот шешир се сместени силни екипи како Реал, Атлетико, Борусија Дортмунд, Наполи…

„Тоа е лудо. Погледнете ги тимовите што се во вториот шешир. И во третиот има добри екипи. Па од четвртиот шешир може да го извлечете Лајпциг…Има многу добри екипи. Никој не влегува во ова натпреварување без амбиции“, заклучил Клоп.

Scroll to Top