Top Sport

Захсенринг и Финска во Мото ГП до 2026 година

Мото ГП и Дорна објавија дека ја продолжија соработката со Големата награда на Германија и дека трката за Големата награда на Финска, поради епидемиолошките мерки во оваа земја, отпадна од календарот за оваа сезона.

Големата награда на Финска, иако нема да се вози оваа година, ќе остане во календарот на Мото Гп до 2026 година. Оваа година трката наместо на патеката во Кимиринг ќе се вози на ред Бул ринг во Австрија, како трка за Големата награда на Штаерска.

Во исто време Мото ГП и Дорна, потврдија дека Големата награда на Германија, на култниот Захсенринг, ќе остане во календарот до 2026 година.

Оваа година во Германија ќе се вози пред празни трибини. Инаку, Мото ГП викендот на Захсенринг е еден од најголемите спортски настапи во Германија. Тркачкиот викенд секоја година привлекува повеќе од 200.000 луѓе.

Scroll to Top