Top Sport

Пред три години никој не го сакаше во НБА, сега со Јанис ќе ја напаѓа титулата

Доскорешниот кошаркар на Макаби од Тел Авив, Илајџа Брајант, потпишал договор со Милвоки Бакс, објави овој НБА клуб.

Брајант, во изминатите две сезони, одиграл 100 натпревари за Макаби. Оваа сезона, во Евролигата, имал просек од 11 поени, 3,3 скока и 2,2 асистенции, со процент на реализиција од 47,7 отсто.

Брајант, никогаш не играл во НБА лигата, во 2018 година бил пријавен но не бил избран на драфтот. Таа година се преселил во Израел, во Хапоел Елиат.

Три години подоцна, Брајант доби можност да игра за една од најдобрите франшизи во НБА лигата. Милвоки со Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон ќе се обидат најпрвин да ја освојат титулата на Истокот, а потоа да ја нападнат и НБА титулата.

Scroll to Top