Top Sport

Започна лошо, заврши супериорно – Спринтот во Малезија за Марко Бецеки

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Индонезија, 18-та рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП.

Италијанецот триумфираше на патеката „Мандалика“ по сензационалниот пробив, кој следеше по лошиот старт од пол-позицијата, и го спречи Фермин Алдегер да стане најмладиот победник во спринт.

На финишот, Алдегер заостана157 илјадити делови од секундата, а нему и на Бецеки им се придружи на подиумот возачот на Тракхаус, Раул Фернандес, кој го забележа најдобриот резултат во спринтот.

Новиот шампион Марк Маркез ја заврши трката на седмото место, по казната од долг круг, бидејќи на стартото го истурка Алекс Ринс од патеката. Другиот возач на Дукати, Франческо Бања, беше последен, 14-ти.

Од почетокот на тркачкиот викенд во Индонезија, Бецеки е незапирлив, но на самиот почеток од спринтот направи голема грешка, поради која се најде на осмата позиција. Алдегер водеше, пред Фернандес, Педро Акоста од КТМ Рејсинг, Лука Марини од Хонда и Алекс Маркез од Гресини.

Бецеки го започна веднаш својот пробив, кој кулминираше во последниот круг кога го мина Алдегер и на крајот прв ја мина целта.

Scroll to Top