Top Sport

Започна новата ера во Формула 1

Во Барселона започна новата ера во Формула 1. Тимовите во наредните денови, зад затворени врати ќе тестираат на патеката „Каталуња“.

Болидите изгледаат различно во однос на претходните сезони. Токму техничките промени во изгледот на болидите треба да донесат рамноправна борба на патеките во најбрзиот циркус во светот.

Тимовите во Барселона ќе тестираат во наредните три дена. Резултатите од тестовите нема да и бидат познати на јавноста.

Денес нема да тестираат сите возачи. Ред Бул ќе вози само со Макс Ферстапен, Ландо Норис ќе го тестира новиот Мекларен, зад воланот на Алпин ќе биде Фернадо Алонсо, а Јуки Цунода ќе го тестира Алфа таури.

Останатите тимови ќе ги испробаат новите болиди со возачите кои ќе возат во новата сезона, исклучок е само Алфа Ромео. За овој тим покрај Валтери Ботас че тестира Роберт Кубица.

Големо внимание привлекуваат и боите на болидите. Алпин, поради новиот спонзор, има розева боја, која потсетува на бојата која доминираше во минатото кај Форс Индија. Алфа Ромео тестира во необични бои.

Мерцедес по две години ја вратија сребрената боја, додека на прво гледање, најубаво изгледа болидот на Ферари.

Фото/ Imago Sports

Scroll to Top