Top Sport

Жан Тод со Шумахер ја гледал трката за ГН на Бразил

Претседателот на ФИА, Жан Тод, во разговор за „Ауто Бил“, на јавноста и соопштил каква е ситуацијата со Михале Шумахер. Седумкратниот Ф1 шампион, на 29.декември доживеа несреќа додека скијал во француските Алпи. Тој се здобил со тешки повреди, поради што одреден период се наоѓал во индуцирана кома, а од септември 2014 година, се наоѓа во својот дом крај Женева. Сепак јавноста нема никакви информации околу неговата здравствена состојба.

Поради тоа изјават на поранешниот шеф на Шумахер во Ферари, Жан Тод, предизвика голем интерес.

Актуелниот претседател на ФИА тврди дека заедно со Шумахер ја гледал трката за Големата награда на Бразил, која се возеше на 11.ноември и на која Луис Хамилтон ја обезбеди шампионската титула.

„Секогаш внимавам со изјавите кога се работи за Шумахер. Вистина е дека во Швајцарија ја гледав трката за Големата награда на Бразил заедно со Михале“, рекол Тод.

Scroll to Top