Top Sport

Сколс: Ако Ерера не знае да додава, не треба да биде во Манчестер јунајтед

Пол Сколс не е импресиониран од квалитетот на неколку фудбалери на Манчестер јунајтед, посочувајќи го Андер Ерера, за кого вели дека не треба да биде во тимот ако не знае да комплетира едноставно додавање.

Јунајтед двапати се враќаа од гол негатива за 2:2 реми со Арсенал, во еден меч во кој повторно се покажаа слабостите на клубот, кој е на само осмото место на табелата. Пол Сколс и Рио Фердинанд при гостувањето на „БТ спорт“ не беа задоволни по четврти меч во Премиер лигата без победа.

„Мораш да се запрашаш за квалитетот на фудбалерот. Рио самиот го каѓа тоа – дали Андер Ерера е способен да ја одигра таа топка до Погба? Едноставна топка од 20-30 метри. Ако не е способен, тогаш воопшто не треба да биде во овој клуб“, вели Сколс.

Фердинанд, пак, вели дека во тимот недостасува самодоверба и дека едноставните работи стануваат многу тешки.

„Пол Сколс можеше да додаде топка било каде на теренот, но овојпат е во право – тоа требаше да биде едноставно додавање. Милсма дека проблемот е самодовербата. Се плашат да направат грешка поради ТВ гледачите и фановите и така ситуацијата е полоша“, објаснува Фердинанд.

Scroll to Top