Top Sport

Зошто Ферстапен не беше казнет за претекнувањето на Алонсо? (видео)

Директорот на трки на Формула 1, Чарли Вајтинг објасни зошто возачот на Ред бул, Макс Ферстапен не доби казна за претекнувањето на Фернандо Алонсо во Мекларен под жолти знамиња на Австралиското ГП.

Алонсо беше само една десетинка од секундата пред Ферстапен, кога двајцата влегоа во зона под жолто знаме под правилата за безбедносно возило во моментите кога Алонсо се врати на патеката по влегување во боксот. Холанѓанецот потоа доби наредба да го врати местото, но Вајт вели дека решил да нема казна.

„Ред бул ни кажаа дека мислат дека Фернандо беше напред и јас морав да го проверам бидејќи не беше јасно. Стјуардите ми кажаа дека се работи за една десетинка од секундата, нешто што е тешко да се види со голо око. Кога стана јасно им кажав на Ред бул дека Макс мора да го пушти Алонсо. Пред да им го кажам тоа на Мекларен, Макс веќе
му гестикулираше на Фернандо. Но, не беше фер да има казни“, објаснува Вајтинг.

Scroll to Top