Top Sport

Вујовиќ во „елемент“: Судиите смрдат на алкохол!

Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ ја продолжува „војната“ со Европската ракометна федерација (ЕХФ), односно против судиите, откако даде нова контроверзна изјава по фарсата која се случуваше на Европското првенство во Хрватска во јануари.

Откако доби суспензија поради однесувањето во текот на мечот од ЕХФ купот меѓу Нексе и Копер во Нашице, црногорскиот тренер влезе во остар напад на судиите.

„Ако го кренам гласот, веднаш ме казнуваат. Ги сакаат тие што молчат. Кога има натпревари, секогаш се во најдобрите хотели, се возат во најдобрите автомобили, бираат што ќе јадат во рестораните, додека тимовите мака мачат со превозот со јадењето. Затоа спортот не напредува. Знам дека повторно ќе ме казнат, но нека. Јас сум горд и не се плашам“, изјави Вујовиќ во интервју за шпанското радио „Марка“.

Тој знае дека темпераментот му носи проблеми, но вели дека нема да потклекне под притисок.

„Нема да кажам дека јас сум невин, но некогаш не можам да издржам. Понекогаш кога ќе направат грешка, а јас ќе скокнам, почувствувам мирис на алкохол. Сакав неколку пати тоа да се забележи во записникот, но ми велеа да не пријавувам. Зошто? Бидејќи клубот ќе биде казнет, а не судиите. Еднаш ќе те украдат, следниот пат ќе те смируваат, за третиот пат судењето да биде во твоја корист и тоа скандалозно. Денешните судии живеат од ракометот и ги гледаат своите интереси“, вели тренерот на Копер.

Фото: ЕПА

Вујовиќ: Не знам со што го заслуживме ова! (видео)

Scroll to Top