Top Sport

Аспиликуета со првенец во националниот дрес носи предност 2-1

Педри – Феран Торес – Сесар Аспиликуета гол со глава од петерецот. Вака се движеше топката во 57 минута кога Шпанија доаѓа во водство против Хрватска во Копенхаген.


Прв гол за играчот на Челси во дресот на Шпанија во 27-от настап, во момент кога по 57 минути игра, Шпанија имаше предност 67-33 во посед на топката.

Шпанците до овој момент упатија 11 удари кон голот на Ливаковиќ, 4 од нив одеа директно во рамки на голот, а чуварот на мрежата на Динамо Загреб имаше 3 интервенции.

Дополнителен факт за доминацијата на избраниците на Луис Енрике е податокот што Шпанија изведе 6 коренери, а Хрватска ниту еден.

Пулените на Златко Далиќ имаа само два обиди за удари кон голот на Симон, но и двата не беа во рамките на голот.

Половина час надеж за Хрватска.

Scroll to Top