„Смешно е“ – беше првата реакција на Звонимир Бобан по интервјуто за „Газета дело Спорт“ кога беше прашан дали УЕФА ја фаворизира Англија на ЕУРО 2020.
„УЕФА не ја фаворизира Англија. Финалето ќе биде сјајно, ќе биде тоа дуел на два големи `џинови`. Вакво финале сакала УЕФА? Немојте да ме смеете. Теории на завера секогаш постоеле, но сите кои се во фудбалот знаат дека не чека потполно чисто финале“ рече Звонимир Бобан кој е првиот оперативец на УЕФА задолжен за односи со лигите и клубовите.
Хрватот помина многу години на Апенините и добро ја позната италијанската репрезентација. Тврди дека и порано Италијанците имале поединци, ама Роберто Манчини направи одличен состав.
„Оваа генерација има посебен карактер, го видовме тоа и порано, но сите имавме сомнеж во нив. Не знаевме колку високо оваа селекција може да полета. Ова не е најдобрата Италија, ама Манчини направи ремек дело. Најдобриот играч е Донарума, но тука се и Жоржињо и Киеза“ рече Бобан.