Стоперскиот тандем на Јувентуа – Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи беше еден од клучните фактори во походот на Италија кон титулата на ЕУРО2020. Заменик – капитенот на „Азурите“ изјави дека неговиот добар пријател ќе продолжи да игра за националниот тим и по ова ЕП.
„Ќе го убедам Кјелини да игра и на Мундијалот во Катар во 2022 година. Одиме на одмор заедно, по првенството, така да нема грижа“ изјави 34-годишниот Бонучи.
На прашање дали Бонучи и Кјелини и во иднина ќе го сочинуваат стоперското дуо во италијанската фудбалска репрезентација нема дилема ниту најдобриот играч на првенството, Џанлуиџи Донарума:
„Секако, секако“ вели тој, но големиот борец Џорџо не е толку сигурен:
„Не знам утре дали ќе можам да одам, а камоли дали ќе играм во Катар. Лео и Џиџо ќе играат сигурно“ рече Кјелини.
Тој има 36 години, од 2005 година е член на „Старата дама“.
За „Азурите“ настапува уште од 2004 година, до сега на 112 меча, а постигнал и 4 гола.