Top Sport

Далиќ: Се слушнав со Перишиќ, не му е лесно, за ова живееше!

На последната прес-конференција пред утрешниот меч помеѓу Хрватска и Шпанија во Копенхаген од 18 часот, селекторот на „коцкастите“, Златко Далиќ ги пренесе последните импресии и замисли пред мечот со фаворитот за највисок пласман.

На прашање дали „Фуријата“ ги потценила Хрватите, Далиќ вели:

„Не е важно кој што зборува, ни нив сигурно нема да ги потцениме, Нашата цел е да сме што подобри, а на крајот ќе видиме кој бил во право“.

Прашан за состојбата со Иван Перишиќ кој ќе го пропушти утрешниот меч, Далиќ одговори:

„Се слушнав со Иван, не му е лесно, жал му е што нема да игра, за ова живееше, но тоа е животот. Тој ќе биде наш голем навивач. И порано зборувавме дека на таа позиција имаме најширок избор, најдобрите играчи, тука се Брекало, Ребиќ и Орсиќ, ако сакаме нешто поинаку, тука е и Иванушец, но мислам дека ќе одиме со играч кој игра баш на таа позиција. Тешко дека ќе биде на нивото на Перишиќ, но кој и да е, ќе даде се од себе“ смета Далиќ.

Scroll to Top