Во триумфална атмосфера, во неделата данските фудбалери добија херојски пречек во Копенхаген откако го обезбедија местото во полуфиналето на ЕУРО 2020 по 2:1 победата над Чешка. Тимот својата база ја има во источниот град Хелсингор, каде што на паркингот стотина фанови во црвени дресови ги пречекаа своите херои.
Мечот со Чешка се играше во Баку, Азербејџан, а следниот меч ќе се игра на „Вембли“ против првите фаворити Англија, но без присуство на дански навивачи, откако британската влада забрани престој на странски фанови.
Полуфиналето е огромно достигнување за репрезентацијата чие првенство започна со неверојатен шок – срцевиот напад на Кристијан Ериксен на првиот меч против Финска. По неговото опоравување, се крена и духот на тимот, кој сега со дополнителна сила го чека мечот со Англија во среда.
Hvilken modtagelse ?? dette land er fantastisk! pic.twitter.com/jcBlv2mxdM
— Nicolai Boilesen (@NicoBoilesen) July 4, 2021